Делегација на општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски оствари дводневна посета на град Лесковац, а по повод одбележување на денот на градот, Света Тројца.
Во рамки на посетата, градоначалникот Сашко Митовски заедно со претставниците од општината, Маја Костадиновска и Драган Цвијовиќ, остварија директна средба со градоначалникот на град Лесковац, д-р. Горан Цветановиќ и раководителот на одделението за општествени дејности, Саша Младеновиќ.
На средбата се разговараше за тековниот проект „Да ги поврземе бисерите” што Општина Крива Паланка го реализира во соработка со град Лесковац, преку ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Србија и Република Северна Македонија, како и за унапредување на соработката и отпочнување на постапка за збратимување на градовите.