Потпишана oфицијална повелба за збратимување помеѓу Општина Крива Паланка и Oпштина Грос-Цимерн од С.Р.Германија

Денес на Свечена седница на Советот на општина Крива Паланка,беше потпишана   повелбата за збратимување со општина Грос-Цимерн од Сојузна Република Германија.

Со чинот на потпишување на оваа повелба се заокружува процесот на збратимување на овие две општини кој започна пред неколку години на иницијатива , која е поттикната од едно пријателство – помеѓу г-динот Јашко Станојковски, нашинец, Македонец, по потекло од соседна општина Ранковце, кој живее и работи во Грос-Цимерн и нашиот сограѓанин Борче Стојчевски, поранешен претседател на Советот на општина Крива Паланка и советник.

Првичната иницијатива прераснува во пријателство помеѓу овие две општини, по што е потпишан акт за соработка од страна на Советот на Општина Крива Паланка, за да веќе од страна на Општина Грос-Цимерн, многу бргу ни бише подадена рака за пријателство и збратимување и Општина Грос-Цимерн донесе официјален акт, со кој Крива Паланка е во групата збратимени градови од Европа со Грос-Цимерн и тоа, градови од големите Европски држави: Италија, Германија и Франција.

 

Големина на фонт
Контраст