Оддржана стручна расправа по нацрт план за ГУП за град Крива Паланка

Во гоемата сала при Општина Крива Паланка денес се оддржа стручна расправа по нацрт-план за генерален урбанистички план ( ГУП ) на град Крива Паланка за перодот од 2019 до 2029 година.

Во овој нацрт – план за ГУП на град Крива Паланка е опфатена вкупна површина од 659.061 хектари, а истиот се протега во границите на повеќе кастарски општини и тоа: цела КО Крива Паланка и на делови од КО Конопница, КО Мартиница, КО Кошари, КО Варовиште, КО Дрење, КО Лозаново и КО Градец.

На стручната расправа присуствуваше градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски со преставници од стручните служби од општината, како и заинтересирани граѓани, прставници од јавните институции, правни лица, здруженија на граѓани, советници и др.

Изработувач на планот е Агенцијата за планирање на просторот, а истиот е финасиран од  Владара на РС Македонија.

За денешната сручна расправа беше формирана Комисија од 3 челена во  следниот состав:  Претседател на комисијата- Маја Костадиновска, раководител на секотор за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина и комунална инфрастуктура од општина Крива Паланка, Маја Лукаревска, преставник од изведувачот на планот и Драгана Стерјова, член на комисијата за урбанизам во општина Крива Паланка, како и Иван Величковски-стручно лице вработено во Општината од областа на урбанистичкото планирање.

На крајот на презентацијата сите присутни беа известени дека ќе имаат можност во наредните 5 работни дена, да достават свои мислења, предлози и забелешки по нацрт ГУП-oт, кој е достапен за јавноста на информацискиот систем е-урбанизам, на општинската веб-страница, во просториите на општината и во јавни гласила, а истите ќе бидат добредојдени и уредно разгледани од страна на изготвувачот.

Денешната стручна расправа по нацрт план за ГУП за град Крива Паланка, се оддржа успешно и на задоволство на сите присутни.

 

Големина на фонт
Контраст