Трилатералната традиционална меѓународна средба „КРАИШТЕ 2022“

Денес во кривопаланечкото село Голема Црцорија, на месноста Голеш, на тромеѓето на Р.Македонија, Р.Србија и Р. Бугарија, на големиот христијански празник Петровден, се  оддржа традиционалната средба „Краиште 2022“.

Манифестацијата е во организација на општина Крива Паланка и општина Босилеград од Р.Србија.

На средбата присуствуваа градоначалникот на општина Крива Паланка  Сашко Митовски, заедно со министерот за замјодество шумарство и водостопанство г-н Љупчо Николовски,  претседателката на Совет на Општина Крива Паланка,  претставници на Регионален центар за гранични работи Север и РЦ за гранични работи Исток, поголем број на директори и раководители на локални институции, како и голем број жители на општините од пограничниот регион и иселеници кои потекнуваат од овие краишта.

Како дел од средбата „Краиште 2022“, присутните имаа можност да ја проследат богатата програма на културно уметничките друштва и фолклорни ансамбли од двете општини, кои ја презентираа богатата традиција и култура низ сплет на народни песни и ора карактеристични за населението од овој регоин.

На големиот број присутни им се обратија градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски и градоначалникот на Општина Босилеград, Владимир Захариев, кои нагласија дека ваквите средби се од големо значење за развој на меѓусоседските односи и меѓународната соработка, како и за развојот на овој пограничниот регион, а овој голем празничен народен собир е можност за дружење со пријателите и зближување на народите од трите страни на границата.

-Ние како локални власти,  знаејќи ги реалните потреби и проблеми на населението од регионот,  правиме се што е во наша моќ за ги подобриме и унапредиме  условите за непречена комуникација и полесен живот на месното население. Во таа насока, Општина Крива Паланка во сорработка со Владата на РС Македонија и ЈП Државни патишта, заеднички реализира значајни проекти за ревитализација на овој регион, токму со инвестиции за подобрување и изградба на локалната и регионална патната инфраструктура, на општо задоволство на локалното население, како и на жителите од поширокиот пограничен регион.

Денес овде се радуваме и прославуваме со иста мисла, дека она што не карактеризира и не поврзува, како народи од другата страна на границата,  се токму човечноста, срдечноста и пријателството, врз чии темели се изградени успешни приказни на меѓусебното почитување  и разбирање.

И како вистински пријатели и први соседи во пограничниот регион, секогаш меѓусебно се поддржуваме, заеднички ги чествуваме празниците и заеднички се радуваме на успесите, така што во истиот манир посакувам да продолжи и понатаму она што го градиме со децении.

Честит празник на сите и за многу години да ни е! Да сте здрави и среќни! -изјави пред присутните  градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст