На платото на градкиот плоштад се одддржа музички перформанс во изведба на Илија Кикиритков, како дел од манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″.
Секоја среда ќе биде музичка среда, а кривопланчани ќе можат да уживаат во изведби од разни музички стилови, домашни и странскаш музички хитови на креативни изведувачи од С.Македонија.
Манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2022″ е во организација на Општина Крива Паланка, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Општина Крива Паланка и Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Во рамките на манифестација кривопаланчани ќе имаат можност да проследат повеќе музички вечери, театарски претстави, изложби, концерти на изворна музика, како и други културни содржини на отворена сцена на градскиот плоштад и дел од културните настани на платото пред општинската зграда.