Денес во ОЈУДГ „Детелинка” објект ,,Пролетна роса“, започнаа активностите за реконструкција на дел од физичките простории и корисни површини, со средсва обезбедени преку донација од јапонската амбасада.Со овој проект се врши осовременување на условите во објектот со реконструкција на кујната и пералната, реновирање на тоалетите, реконструкција на подовите, промена ана електричната исталација, бојадисување и поплочување на ѕидови.
Со реализација на овој проект се унапредува квалитетот на реализација на наставата и престојот на децата. Сега ќе имаме модерано уредена и реконсструирана кујна, градинката ќе нуди храна според сите стандарди, а реновираните тоалети ќе овозможат унапредување на хигиената и подобар престој, а ове услови се клучни за правилниот раст и развој на најмладите во општината.