Оддржан младински форум преку проектот „ReLOaD 2“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)

Во општина Крива Паланка се оддржа младински форум, на кој преку дводевни  работилници со младите од градот се детектираа  ладинските проблеми и идеи кои ќе се реализираат преку проектот „ReLOaD 2“.

Преку проектот „ReLOaD 2“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), оваа година во општна Крива Паланка, се започна со форумски пристап за идентификување на проблеми, идеи и потреби и младински иницијативи, кои ќе бидат преточени во проект што ќе биде изработен од страна на локално здружение на граѓани, а финасисран од страна на „ReLOaD 2“ и партиципативно учество на Општината.

-Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и е регионален, се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Во нашата држава се имплементира втора фаза од проектот, а Крива Паланка е една од шесте општини во државата во кои се реалзиира.

Во првата фаза беа вклучени само пет општини, а во втората фаза има нови пет општини и  Куманово и Гостивар  кои продолжуваат од првата фаза. Крива Паланка е вклучена за првпат, како дополнителна општина во која се спроведуваат активности поврзани со младинскиот активизам, изјави Билјана Георгиевска од УНДП.

Целта на проектот е во сите опфатени општини, да се подобри транспарентеноста во финансирање на граѓанските организации од општинските буџети и да се зголеми вклученоста на граѓанскиот сектор во носење одлуки.

Конкретно во Крива Паланка се работи на идентификување на младиниски инциијативи, кои финансиски ќе бидат поддржани од проектот, со вклучено кофинансирање од 25 отсто од општинскиот буџет и се очекува од истите,  взаемен бенфит да имаат и одпштината и младите, со поголема вклученост и волонтеризам на самите млади.

Темите кои се дискутираа и се детектираа како потреби на младите, беа младинско информирање, можности за волонтирање и пракса, повеќе места за социјализација на млади. На форумот од страна на младите се разработија две од овие теми за кои тие, заедно со  бучувачите изготвија и концепт нота за проектот, кој ќе треба да биде аплициран од страна на локално ЗГ. согласно временската рамка за аплицирање.

Големина на фонт
Контраст