Оддржан координативен состанок на Општинскиот кризен штаб

Во Општина Крива Паланка денес се  одржа  координативен состанок на Општинскиот кризен штаб.

Темата на координативниот состанок беше,превентивно делување и заеднички мерки и активности за заштита од пожарите кои се јавуваат во летниот период.

На состанокот беа конкретизирани превентивните мерки и активности, а присутните се согласија дека треба да има поголема координација помеѓу стручните служби и надлежните институции, подобра и побрза информираност на локалното население и беше констатирана потребата од превземање на кокретни превентивни мерки за подобрување на состојбата во градот и околината за што беа донесени и соодветни заклучоци.

По обработката на заклучоците од стручните служби, тие ќе бидат дополнителнообјавени на општинската веб страна.

Големина на фонт
Контраст