Крива Паланка ќе биде град домаќин на Еуроп Раид 2022

На 11 август 2022 година, околу 800 Французи ќе пристигнат во Крива Паланка како дел од 7-то издание на „Еуроп Раид“, првото авантуристичко патување низ Европа. Веднаш по нивното пристигнување ќе започнат и повеќе активности и тоа: во 17 часот во дворот на ООУ „Јоаким Крчовски“ ќе се одржи франкофонски музички хепенинг, а подоцна во 20:30 гостите ќе имаат можност да проследат културно-уметничка програма на градскиот стадион. Организацијата на Еуроп Раид ја одбра Крива Паланка поради своите познати активности во областа на Франкофонијата.

Во рамки на Еуроп Раид 2022, 250 екипажи со возило „пежо 205“, тргнаа од Париз на 30 јули, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе училишна и спортска опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина до Бугарија, преку Албанија и Северна Македонија. Поминувајќи 10.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да понесе околу 70kg училишна или спортска опрема: училишни ранци,  училишен прибор, тетратки,  моливи, топки, играчки … за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да продолжат да го изучуваат францускиот јазик.

Во рамките на овие активности, ќе присуствува и делегација од Амбасадата на Франција.

 

Големина на фонт
Контраст