Прием за учесниците на 17 меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Претставници на фолклорнитe ансамбли и друштва-учесници на 17-тиот Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, денес беа гости на градоначалникот Сашко Митовски, кој организираше прием за делегациите укажувајќи им чест што се гости на градот, на фестивалската програма во деновите кога се одбележува и празнува во општината.

На приемот се разменија меѓусебни подароци како знак на успешна соработка, а учесниците на фестивалот ја искажаа својата благодарност за гостопримството и топлиот прием, како на организаторите, така и за граѓаните од општината.

Гостите ги споделија и своите први позитивни впечатоци за овој значаен фестивал, а наредните две вечери, заедно со македонските културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли, низ песна, игра и прекрасен колорит од народни носии, ќе ја промовираат својата културна традиција пред кривопланечката публика.

 

Големина на фонт
Контраст