Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски и Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Љупчо Николовски извршија увид во завршните градежни активности во НУ Центар за култура Крива Паланка.
Изминатиот период во НУ Центар за култура се изврши целосна санација, поправка и доопремување на внатрешниот ентериер во кино салата, се изврши комлетно реновирање и адаптација на гардероберите, како и реконструкција на тоалетите.
Санацијата и доопремувањето на внатрешниот ентериер во НУ Центар за култура- Крива Паланка се реализира преку проект кој финасиски е поддржан од Министерство за локална самоуправа-Биро за регионален развој со инвестиција од 4. 125 460 ден. и со кофинасирање од општинскиот буџет со 441.954 денари.
Изминатиот период е доказ дека во општина Крива Паланка може да се работи вредно и домаќински. Навремено да се реализираат проекти, да се води грижа за сите категории на граѓани и нивните потреби, да се оддржува и унапредува животната средина и хигиената во градот и оклината и да се инвестира во сите области од интерес на локалната заедница.