Асфалтиран локалениот пат во населбата Мизовски ливади

Градоначалникот Сашко Митовски и Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги посетија жителите на населбата „Мизовски ливади“, кои денес добија комплетно асфалтиран локален пат.

Локалниот пат во „Мизовски ливади“ е асфалтиран со финасиски средства обезбедени преку ТАФ програмата за подобрување на локалната инфраструктура во општините, а во асвалтирањето на крак 2 и крак 4, вложени се 16 милиони денари.

Општината продолжува да се грижи за унапредување на квалитетот на животот во секое населено место во Крива Паланка, а жителите на оваа населба се уверија дека ветеното се исполнува.

Големина на фонт
Контраст