Заврши спортската манифестација „Фудбал за сите“

Со разиграни дечиња и насмеани лица на сите инволвирани во овгодинашното премиерно издание на “Фудбал за сите” беше затворена манифестацијата што изминатите пет дена се одржуваше на градскиот стадион во Крива Паланка. Присутните дечиња ги поздрави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој порача дека со големиот интерес за учество ги обврзале организаторите да ја продолжат оваа активност.

-Овој преполн стадион ,оваа прекрасна глетка разиграни, растрчани млади дечиња, не само што ни ги полни очите,туку ни ги полни и срцата. Во право сте што сите со нетрпение очекувавте да се одржи овој настан. Кога ја гледам радоста во сите овие 5 дена што зрачи од вас, само можам да ви ветам едно- Општина Крива Паланка, Фудбалска академија “Фудбал за сите” и ТАКТ, ќе ја продолжат оваа иницијатива и повторно ќе се дружиме на ваков начин заедно со програмта спорт за развој . Среќен сум што интересот за учество беше голем и кај девојчињата и кај момчињата, а уште посреќен што волонтерите беа млади луѓе, спортисти од Општината што потврдува дека Крива Паланка е спортски град, и не обврзува и мене како градоначалник и целиот мој тим да продолжиме да работиме за уште повеќе можности за вас, за младите, изјави градоначалникот Митовски.

Тој им приреди изненадување на сите 240 учесници на фудбалската школа, бесплатна забава во луна-паркот и користење на сите содржини за игра и забава.

Големина на фонт
Контраст