На покана на градоначалникот Сашко Митовски, учениците од Нерав, од ООУ “Јоаким Крчовски”, најоддалечено село во Крива Паланка имаа можност да уживаат и да се забавуваат во луна-паркот во нашиот град.
Учениците од с.Нерав, заедно со нивните ментори имаа несекојдневна можност да се запознаат со сите содржини за забава и игра во луна паркот, а нивен домаќин и водич беше градоначалникот Митовски. Насмевките на лицата и разиграноста на ученици го покажаа нивното задоволство од посетата на луна-паркот и тие заедно со нивните ментори упатија голема благодарност до градоначалникот Сашко Митовски за поканата на овој несекојдневен настан и за заедничкото дружење.
Градоначалникот Митовски во оваа прилика изјави: -Денес имав одлична прилика, да се дружам со учениците од с. Нерав и повторно да се уверем дека, за среќа на детските лица е потребно малку, а нивната радост и насмевка се бесценети, и она што ми е најважно сега, е заенички да работиме за среќата на сите дечиња во општина Крива Паланка.