Посета на детската градинка „Детелинка“ пред пуштање во употреба

Премиерот Димитар Ковачевски, заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, министрите Николовски и Спасовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, како и директорката на градинката Јакимовска, заедно со другите гости, направија посета пред официјално пуштање во употреба на градинката, како и увид во завршените активности за изградбата на новиот кат од објектот „Поточиња“ при ОЈУ Детска градинка „Детелинка“.

Со проширување и надградба на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.

Опремени и модернизирани се постојните и доградени нови пет занимални, а покрај дечиња од преучилишна, ќе добијат можност услугите да ги користат и дечиња од 6-10 годишна возраст и наскоро дечињата од нашито град ќе може да го развиваат когнитивниот и моторички потенцијал во најнови, современи и модерни услови.

Продолжуваме да инвестираме во младите, и затоа упатувам голема балгодарност до Владата на РС Македонија и Минситерството за труд и социјална политика за поддршката и заложбите за поубави услови за жителите на нашата Крива Паланка. За нас како релативно мала општина со скромен буџет поддршката од Владата е исклучително важна и истата ни овозможува реализација на големи, капитални проекти, што Крива Паланка не може да ги реализира самостојно без централната власт и надлежните министерства, а тоа е пример како треба да се работи, заеднички и посветено за сите граѓани, изјави градоначалникот Митовски. А премиоерот Ковачевски нагласи дека грижата за децата е врвен приоритет како локална власт,така и на Владата на РС Македонија.

-Заеднички ги реализираме политиките за унапредување на социјалната и детска заштита и постојано вложуваме во оваа област, а на наше големо задоволство денес посочи премиерот Димитар Ковачевски

Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка и дополнителни средства од општината, а објектот е целосно енергетски ефикасен.

Големина на фонт
Контраст