Градоначалникот Mитовски им посака среќен почеток на првачињата

Денес е посебен ден за учениците. Училишното ѕвонче го означи првиот ден од новата учебна година. Од денес училиштата повторно се раздвижени, детскиот џагор повторно ги исполнува училишните дворови, а најсреќни се првачињата кои оваа година за прв пат тргнуваат на училиште со што започнуваат едно ново, поинакво поглавје во своите животи.

Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски, ја сподели радоста со првооделенчињата од основни училишта во Крива Паланка и на сите првачиња и на сите ученици и наставници од Општината им посака успешен почеток на оваа учебна година.

Даги ученици, Ви посакувам плодна и успешна година, многу стекнати знаења, многу насмевки и секако многу здравје.

На овој ден, нашите најмлади сограѓани го прават најважниот чекор во својот живот, справувајќи се со разни предизвици и моменти. Ви посакувам лесно да ги совладувате сите нови искуства и знаења.

Учителската дејност е една од најблагородната и најплеменита професија. Вашиот успех е резултат на успехот што го постигнуваат ученичките и учениците во текот на образованието.

Сите да сте здрави, среќни и весели и токму овде, во вашето училиште со другарчињата и наставниците да ги доживеете најубавите мигови од вашето детство.

Ви посакувам среќа и многу успех во текот на учебната година!

Да напоменеме дека, на иницијатива на градоначалникот Митовски, Советот на Општина Крива Паланка донесе Одлука доделување на финасиски средства во висина од 3.000 денари за секое прваче запишано во учебната 2022/23 година.

Големина на фонт
Контраст