Акција за навремено чистење на сите пропусти, канали и долови во кривопланечко

Општина Крива Паланка, заедно со ЈП Комуналец и луѓето ангажирани од страна на Општината за вршење на општо-корисна работа, во изминативе месец дена, спроведува континуирана акција за чистење на сите пропусти, канали и долови.

Вакво чистење се организира по подолг временски период, а ваквата акција се организира исклучиво превентивно, за да не ни се случуваат непријатни ситуации со поплавени улици, дворови и домови, како што беше ситуацијата во Скопје деновиве.

Со одговорно менаџирање и навремени одлуки и потези продолжуваме и понатаму и во

наредниот период, со цел, темелно прочистување на сите канали, пропусти и долови и навремена заштита на истите.

Големина на фонт
Контраст