Жителите на ул.”Вршачка” чекорат по нов асфалт

Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка продолжува со градежната офанзива која во изминатите неколку месеци придонесе за подобрување на патната инфраструктура во повеќе населени места.

Денес е завршено асфалтирањето на улица Вршачка во село Конопница и жителите на овој дел од градот чекорат по нов асфалт.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека граѓаните се сведоци дека ветеното се реализира, улицата “Вршачка” од денес е со нов асфалт, а општината инвестираше 3.000.000 денари за овој проект.

Митовски рече дека со силен интензитет локалната самоуправа работи на подобра инфраструктура, се решаваат проблемите на граѓаните, се урбанизира и разубавува градот.

-Така се обврзавме, а зборот е збор! Работиме посветено,работиме од срце!Продолжуваме да ги подобруваме условите за подобро живеење во нашата Крива Паланка, порача градоначалникот Митовски.

Во изминатите неколку месеци во општината се асфалтирани повеќе локални улици и патишта,меѓу кои ул.Пиринска во населба Единство, дел од “Херој Карпош” со решавање на проблемот со атмосферска вода, патот во Мизовски ливади, како и патни правци во селата и околните населени места.

Големина на фонт
Контраст