Пешачко -рекреативната патека “Стара вада” интензивно се гради и наскоро Крива Паланка ќе добие уште еден инфраструктурен проект кој ги надополнува содржините за промоција на убавините на градот.
Патеката се гради од постојната траса наспроти гимназијата до населба Маневци.
Вложуваме во содржините за развој на туризмот, ги промовираме туристичките потенцијали и недопрената природата со која Крива Паланка се гордее.