Во полн ек е изградбата на минор-коритото на Крива Река од спортскиот комплекс до вливот на Бабин Дол.
Градежните работи ќе завршат за десетина дена, а во оваа четврта фаза на уредување на коритото на Крива Река се инвестираат 5.511.640 милиони денари, од кои 4.000.000 денари се обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатиот дел е кофинансирање од општината.