Околу 500 луѓе, административци, млади, спортисти, планинари, граѓански здруженија, рекреативци, љубители на природата и природните реткости, продефилираа во двата дена на одржуавње „Зелен викенд“ во Крива Паланка во рамки на проектот „Поврзување на бисерите“ што Општина Крива Паланка и Град Лесковац, заедно со Центарот за развој на Јабланичко-Пчињски регион го имплементираат со финансии од ЕУ.
Настанот опфати активности во природа со спортско-забавен карактер на кои учествуваа околу сто и педесет млади и спостисти, се одржа на локалитетот”Станечки водопади “, додека во двата дена се реалиизраа и планинарска тура од Станечки Водопади до локалитет Ловечка куќа на Калин Камен, колаборативна работилница и хепенинг, кои интегрираа над 500 учесници кои уживаа во природниет потенцијали и недопрената природа на Осоговието и Крива Паланка.
„Поврзување на бисерите“ е проект кој работи на подобрување на квалитетот и видливоста на туристичките понуди: туристички атракции, локалитети, вброени во смарт-интегрирана туристичка понуда кои општината заедно со градот Лесковац и Центарот за развој на Јабланичко-Пчињски регион ги промовираат преку ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.
Локалитетот Станечки водопади е уреден, направена е патека во должина од 4.300 метри, а младите и сите уесници во зелениот викенд промовираа здрави навики, преку искористување на природните потенцијали и нивна промоција, информира проектнито тим од Општина Крива Паланка.
Градоначалникто на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,се обрати пред присутните во Конакот Калин Камен и честиташе на успешната реалзиација на проектот.
Проектните тимови од двата града веќе подготовија нова проектна документација и аплициран е нов проект од ИПА програмата на Европска Унија за прекугранина соработка меѓу Србија и Северна Македонија, што значи добрата соработка ќе трае и во иднина
„Да ги поврземе бисерите“ овозможи изградба на патека кон туристичкиот локалитет Станечки водопади, уредување со урбана опрема, а патеката води кон Ловечка куќичка на Калин Камен, места кои во иднина се очекува да прераснат во туристичка атракција и да привлечат бројни туристи. Во партнер-градот, Лесковац, се уреди локацијата на кањонот на реката Вучјанка, а се одржа и гастрономски настан со размена на информации помеѓу средношколците од двата града.
Експерти од областа на туризмот од двете држави изготвија истражувања на триесет туристички локалитети, културни манифестации и верски објекти во Лесковац и во Крива Паланка, на чијашто понатамошна континуирана надградба како туристичка понуда ќе се работи.
Планинарски друштва од Крива Паланка, Куамново и Лесковац оформија соработка и потпишаа меморандуми за соработка во рамки на настанот, а веќе разработуваат идеја за обнова на „Европската пешачка патека“.