Населба Лозаново доби модерно детско игралиште и терен за баскет

Дечињата од населба Лозаново од денес можат да уживаат во безгрижни, разиграни денови со игра и смеа на новото детско катче.

Остварено е уште едно ветување на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој вети дека ќе работи посветено на поставување детски игралишта во секоја населба.

-Реализирано уште едно ветување.Населба Лозаново која е населба со најмногу дечиња од денеска има современо урбано детско катче и спортски терен за баскет. Во моментот се проектираат вакви слични детски катчиња во повеќе од десет градски населби. До крајот на мандатот нашата цел е секое урбано место да добие вакво слично детско катче. Нема поубаво чуство кога знаеш дека твојата енергија ја трошиш за среќата и радоста на дечињата, изјави градоначалникот Сашко Митовски, потенцирајќи дека работи со срце за Крива Паланка.

Игралиштето е донација од Државна Лотарија, а Општина Крива Паланка во моментот работи на обезбедување проектна документација за уште 10 нови детски игралишта, за среќно детство со игра и смеа на најмладите жители на Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст