Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи денес потпишаа договор за реализација, односно финансирање на два проекти, претходно одобрени од Бирото за регионален развој.
Општина Крива Паланка преку Бирото за регионален развој добива 2 проекти и тоа:
- Создавање на услови за рурален развој во с.Кркља, преку кој ќе се изгради патниот правец кон с.Кркља во должина од 1485,52 м. Вкупен износ на проектот изнесува 13.786 000 ден. од кои доделени средства од Бирото за регионален развој се 12 000 000 денари.
- Созадавање на услови за развој на урбаните подрачја во општина Крива Паланка, преку кој ќе се изврши асфалтирање на ул. „Македонска“ и крак 1 во должина од 693 м. асфалтирање на дел од ул. „Баглачка“ во должина од 142,50 м., асфалтирање на дел ул. „Осоговска“ во должина од 138м. и асфалтирање на ул. Климент Охридски“ во должина од 250 м со вкупен одобрен износ на проектот од 15 408 090 денари.
Во наредниот период Општина Крива Паланка ќе пристапи кон тендерски процес после кој ке следува започнување на овие проекти.