Следува решавање на проблемот со сообраќајниот метеж во Крива Паланка

Советот на Општина Крива Паланка денес ја усвои Одлуката за воведување зонско паркирање во централното градско подрачје.

Одлуката следува по спроведената јавна анкета на која 53 отсто од граѓаните се изјасниле „за“ воведување зонско паркирање.

-Носиме храбри одлуки за решавање горливи проблеми на граѓаните. Со оваа одлука отпочнува решавањето на сообраќајниот метеж во Крива Паланка којшто е еден од клучните приоритети најавен и во мојата предизборна програма . Со зонско паркирање ќе стопанисува ЈП „Комуналец“, што подразбира приходите да остануваат во општината,а цената ќе биде утврдена дополнително, по изработка на основниот проект со финасиска анализа. Очекувам сумата да биде симболична и минимална, рече Митовски.

Планирано е да се понуди бесплатен алтернативен паркинг за сите што поради работни обврски во раните утрински часови ги оставаат возилата во центар.

-Задолжително ќе следи тест-период од два месеци за прилагодување адаптација за да се стекне навика кај граѓаните. Дотурот на роба во маркетите и дуќаните на главната улица ќе се врши од 6 до 9 часот наутро и попладне од 17 до 19 часот. За сите жители од станбените згради ќе има повластени услови за парикарње, а сите граѓани ќе можат да користат 10 минути запирање и паркирање без наплата за извршување на обврските, додаде Митовски.

Одлуката не ја поддржаа советниците од советничката група на „ВМРО-ДПМНЕ“ и коалицијата.

Големина на фонт
Контраст