Во насока на превземање на конкретни превентивни мерки и подобра информираност на младите во делот на заштитата и безбедноста од пожари во градот и околината, денес Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка оддржа презентација на тема „Заштита од пожари во урбани средини“ за учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“.
Презентација е организирана од страна на Територијалната противпожарна единица во координација со ООУ „Јоаким Крчовски“ и претставува прва конкретна активност на членовите на телото за Локален совет за превенција, а врз основа на донесените заклучоци од конститутивениот состанок на ова тело.
Околу 80 ученици од ООУ Јоаким Крчовски, поделени во две групи имаа несекојдневна можност да се стекнат со општи познавања за пожарите со акцент на пожарите во урбаните заедници, како и заштита од истите.
Целата на ова презентација е да се подигне степенот на противпожарна култура кај младите, со цел да се намалат последиците и материјалните штети предизвикани од пожарите.
На презентацијата учениците се запознаа со мерките за превенција од пожари, со процесите на горење, опасностите, мерките за превентивно-техничка заштита на објектите од пажари, средствата и постапките за гаснење на пожарите во урбаните средини и др.
Она што сигурно остана во меморијата на учениците се телефонскиот број (193) на кој множат да се обратат во случај на незгоди од типот областа на пожарите, како и потребата за редовно чистење на оџаците, а особено сега кога почнува грејната сезона.