Делегација на Општина Крива Паланка во посета на градот Бор, Р.Србија

Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Сашко Митовски, е во официјална посета на Бор, по повод одбележувањето на празникот на градот, 3-ти Октомври.

На покана на градоначалникот на град Бор, Александар Миликиќ, делегацијата од Општина Крива Паланка присуствуваше на главната свеченост и свечената академија, како и на другите настани организирани по повод Денот на градот Бор. Во рамките на оваа посета, делегациите на двете општини разговараа за можностите за унапредување на веќе воспоставеното пријателство, како и превземањето на кокретни активности за соработка во областа на културата, спортот, граѓанскиот сектор, младинскиот активизам и економијата и јакнењето и негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од кривопаланечкиот крај.

Градоначалникот Сашко Митовски ја искористи оваа посета и упати директна покана до својот колега г. Александар Миликиќ и неговите соработници, за возвратна посета по повод претстојниот празник, Денот на ослободувањето на Крива Паланка „8-ми Октомври.

Големина на фонт
Контраст