Се збратимија Општина Крива Паланка и Лесковац, градоначалниците потпишаа повелба за пријателство и соработка

На свечената седница на советот по повод денот на ослободување на општина Крива Паланка, градоначалниците на Крива Паланка и Град Лесковац,Република Србија, потпишаа повелба за пријателство и соработка со која се официјализира и најавеното збратимување на градовите отпочнато како инциијатива во рамки на проектот од прекуграничната сорботка.

Повелбата ја потпишаа градоначалникот на Лесковац, Д-р Горан Цветановиќ и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Соработката меѓу двата града е остварена во рамки на успешната реализација на Европскиот проект „Поврзување на бисерите“ од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија.

-Градиме мостови на соработка, заеднички создаваме нови иницијативи, благодарение на Европските перспективи. Работејќи заедно со нашите партнери и соработници од град Лесковац, изградивме нови потенцијали за поврзување на бисерите. Со проектот што заеднички го реализиравме уредени се Станечки Водопади и пешачка патека кон Калин Камен, локалитет Ловечка куќичка, како нова туристичка атракција за посета во Крива Паланка. Оваа усепшна соработка прерасна и во иницијатива за збратимување на нашите два града и на наше големо задоволство истата се официјализира токму денес и ќе имаме уште еден повод за славење. Вредноста на пријателството со мојот драг и почитуван колега Д-р Цветановиќ, која произлезе токму од проектот „Поврзување на бисерите“, е непроценлива, рече Митовски.

Проектните тимови од општинските администрации од Крива Паланка и Лесковац имаат одлична соработка и веќе е подготвен нов заеднички проект аплициран на повикот за прекугранична соработка и во првата фаза е одлично оценет.

-Ќе соработуваме и на поле на гастрономијата, со воспоставен договор веќе следната година познатата „Лесковачка роштиљијада“ да гостува во Крива Паланка по повод деновите на летни празнувања и патрон-празникот на градот, св.Јоаким Осоговски. Збратимувањето дојде некако природно и само се формализира дека сме две сродни општини со одлична соработка која ќе трае во иднина и ќе се надградува. Тоа ме прави особено горд зашто Крива Паланка од денес добива нова братска општина со бројни вредности и потенцијали. Уште еднаш благодарам мој драг колега за укажаната доверба и чест, додаде Митовски.

Како и досега, но од денес и со посебен повод, жителите на Лесковац, како што рече, имаат ширум отворени врати и срца во Крива Паланка и можат да се чувствуваат како дома.

 

Големина на фонт
Контраст