-Денес на наше големо задоволство денес во пресрет на празнувањата на денот на градот, промовираме уште еден проект со кој , како предизборно ветување на граѓаниет ги оставруваме заложбите за поефикасни, побрзи услуги на ЈП Комуналец и модернизација на услугите и претпријатието, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Со Одлука на 12-та седница на Советот на Општина Крива Паланка усвоено беше по пат на финасиски лизинг да набави специјализирани возила за одржување на јавната чистота во градот и тоа: по една метларка, мултифункционален трактор и мулчер за кастрење гранки, по две електирчни правосмукалки и машини-косачки, како и метларка специјализирана за перење на улици.
Општина Крива Паланка го зголеми и основачкиот влог на ЈП “Комуналец” што претставува капитал на самото претпријатие но и на општината, средства во висина од 5.500.000 денари, а за подобра хигиена, одржување на чсита и здрава животна сердина, општината започна постапка за купување на земјиште за депонија за инертен отпад.
Во текот на оваа година општина Крива Паланка изврши набавка на ново мултифункционално возило за чистење на снег со дополнителна опрема, нож за чистење и соларка за ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка, со што значително ќе се олесни работата на јавното претпијатие во снежни усллови.