Заврши санацијата на ентериерот во НУ Центар за култура Крива Паланка

Денес празнуваме со нови проекти во нашата Крива Паланка-санирана, обновена и репрезентативна сала за настани во НУ Центар за култура Крива Паланка 

Заедно министерот за Локална самоуправа, Горан Милевски, и директорот на НУ Центар за култура, Крива Паланка, дарко Стоилковски, денес официјално ја пуштивме во употреба.

Ентериерот во салата е саниран со финасии од Министерство за локална самоуправа-Биро за регионален развој, Програма за урбани подрачја.

Вкупно 4 милиони денари и кофинасирање од општинскиот буџет близу 450.000 денари се вложени во:
– санација и обнова на целокупниот ентериер,
– обновена кино сала,
-нови гардероби, соблекувални, сцена,
-модерен систем за осветлување и
-нов систем за затоплување.

За празнувањата да бидат поубави – подобри услови за работа во НУЦК, поквалитетна реализација на културните содржини, рече градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст