Општина Крива Паланка ги врачи Осмооктомвриските признанија и награди за 2022 година

– Општина Крива Паланка денес го слави Денот на ослободувањето, а по повод овој датм, синоќа се свечена академија на која беа врачени највисоките општински награди и признанија за 2022 година.

Наградата “8 Октомври” како највисоко општинско признание за особени постигнувања од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и светот е доделена на Ненад Коцевски, за особени заслуги во афирмацијата на Крива Паланка, поддршка на спортот,културата, здруженија и поединци од неговиот роден град. Истакнат хуманист и добротвор, пример за кривопаланечката дијаспора.

“Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ беше доделено на Д-р Венко Филипче, неврохирург, за посебни заслуги за поддршка на здравството и здравствените работници од Крива Паланка, за успешна соработка со здравствениот дом од овој град и негово унапредување, особено во услови на Ковид-19 пандемијата.

Во чест на празникот, 8 Октомври, доделени беа плакети за посебни заслуги и придонес во развој на општината на: Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, на Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски, Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции, Јована Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика, Општинска организација Црвен Крст ,Крива Паланка, Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт на РС Македонија, Казнено поправна установа Затвор, Куманово, Митко Трајчулески, Државен секретар во министерство за транспорт и врски, Ејуп Рустеми, директор на јавното претпријатие за Државни патишта, Драган Величковски, директор на ЛУ Градски мзуеј, Крива Пааанка и Рамиз Реџепи, директор на Биро за региоанлен развој, , сите за добра соработка и поддршка во имплементација на многу проекти со кои Крива Паланка низ годините се развива.

Општина Крива Паланка додели и плакети за посебни заслуги и придонес во афирмација на општината за 2022 година,на паланчани кои творат и создаваат тука, во својот роден град, но и ширум светот: Мери Акиевска- светски шампион во боидбилдинг и фитнес, Др.Сања Латкоска, дерматолог, лидер во естетската медицина со „Скинфинити“, пример за успешен ескперт во областа, Жаклина Герасимовска, бренд менаџер на „Вивакс“ ДОО, секогаш со поддршка на настаните со најмладите од Крива Паланка, Андреј Јакимовски, кошаркар во сениорската репрезентација на РС Македонија, голем спортски репрезент на градот и државата, Бобан Јосфиовски, директор на детски фестивал-„Златно славејче“,секогаш добротворно ги збогатува сите детски манифестации во општината, Наум Михајловски, филмски режисер, дизајнер и директор на видео игри студиото „Тај Дај“, играта што беше прво место на светските листи,а Михајловски е дел од македонска пица репрезентација што на светско првенство-освои бронза, Сашо Митковски, композитор и музичар од Крива Паланка-со бројни хитови, низ неговата школа минале многу млади музички таленти, Гордан Спасовски, џез пијанист, композитор и аранжер со светски турнеи и придонес во новата џез-кутлура на државата, Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, расадник на стотици млади таленти од градот, гордо ги бранат боите на клубот и државата, во репрезентациите во сениорски и младински евроспки првенства, Ана Стојановска, нациоанлен шампион во пинг-понг од градот, сениорска репрезентативка, Лина Рангелова, ученичка во СОУ „Ѓорче Петров“, младински активист, Валентина Тасева, извршна директорка на „СЕМОС едукација“, дел од Фондација „Со срце за Крива Паланка“, поддржувач на младите и спортот од градот, донатор на стипендии за млади ученици и pro bono едукации и курсеви, Ангела Николовска, пијанистка што веќе ги полни концертните сали низ државата и Европа и Карате клуб „Шампион“, Крива Паланка, спортски промотори на млади таленти и врвни карате-шампиони.

На свечената академија настапија Александар Митевски, Драган Спасов-Дац, Росана Сариќ-Тодоровска, КУЗ „Распеани паланчани“ и НА „Танец“.

Големина на фонт
Контраст