Општината Крива Паланка по втор пат аплицираше на повикот на Агенцијата за вработување за спроведување на мерката 6.2 од Програма за работно ангажирање за вршење на Јавни работи ,финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, со кофинансирање од страна на Општините.
Благодарение на АВРСМ и на Центарот за вработување Крива Паланка беше удоволено барањето на Општината за продолжување на Програма за работно ангажирање на 11 невработени лица со ниски квалификации за вршење на јавни работи кои се од особен општ интерес, а истите се од инфраструктурен карактер и заштита и унапредување на животната средина. Целта на оваа програма е да се подобрат семејните буџети на одредена група на социјални семејства како и да се презентираат ангажираните работници на пазарот на трудот
Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од видот на : чистење на улици и локални патишта, чистење на селски гробишта , собирање на паднати лисја на јавни и зелени површини површини , собирање на отпад и чистење на депонии, како и подигање и одржување на зелени површини.
Временскиот период на ангажираните невработени лица изнесува 22 работни дена односно еден месец.
Покрај оваа активност Општината Крива Паланка на последната седница на Совет на Општината едногласно усвои дополнување на Програмата за социјална, здравствена и детска заштита за 2022 година , со вградување на можност за ангажирање на 27 лица корисници на гарантирана минимална помош за спроведување на јавни работи до крајот на годината . Преку овие активности од една страна се помага на социјално ранливи групи на лица , а пралелно и се спроведуваат активности и работи од јавен интерес за граѓаните и заедницата.