КМФ “Осогово 2022” со победа дебитираше во втората македонска футсал лига

Клубот во мал фудбал “Осогово 2022” од Крива Паланка вчера, 9 октомври, дебитираше со победа во втората македонска лига во футсал.

Првиот официјален лигашки натпревар на новоформираниот паланечки клуб се одигра на домашен терен,во спортската сала “Бранители 2001” против тимот на КМФ “Мал Ајакс” од Штип.

Натпреварот се играше пред полни трибини, под водство на тренерот Бранко Павловски-Пикси и заврши со резултат 8:3 во корист на домаќинот.

Во листата на стрелците се запишаа: Кристијан Станојковски со три постигнати голови, Владимир Коцевски со два,а по еден постигнаа Димитровски, Ристовски и Илиевски.

Од клубот најавија интересно првенство со натпревари што ќе го вратат сјајот на футсалот во градот.

Големина на фонт
Контраст