Средновековниот фестивал привлече бројни псоетители во Крива Паланка

На 8 и 9 Октомври, за време на празнувањата на градот во Крива Паланка се одржа уште еден настан што ја збогати културната програма во градот – “Средновековен фестивал 2022”

Во кејот на Крива Река беше поставен логор со средновековен стил и манир на живеење што привлече бројни туристи и посетели.

Во кејот, на летната културна сцена во градот се одржа “Средновековниот фестивал” што Локалната установа Градски музеј Крива Паланка го организираше во рамки на проектот “Одржливо искористување на културното наследство на Крива Паланка и Дупница”.

Симулација на средновековно село, со средновековни битки,  логори,битка во стилот на средновековието, работилница за изработка на средновековни шлемови, книговез, иконопис, грнчарство, костими од времето на средновековниот период, стрелаштво, беа дел од богатата програма која привлече огромно внимание и кај паланчани,но имаше и бројни туристи од соседна Бугарија и Србија.

Проектот е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Р.С.Македонија на Европската унија.

Коорганизатор на фестивалот заедно со градскиот музеј беше „Историски поставки „Чигот“ од Бугарија.

Големина на фонт
Контраст