Градоначалникот Митовски и делегација од општината гости на празникот на Град Лесковац

По неодамнешната потпишана повелба за пријателство и соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Град Лесковац, делегација од Општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Сашко Митовски, вчера гостуваше во збратимениот град по повод празникот на Лесковац.

-На покана на мојот почитуван колега и драг пријател, Д-р Горан Цветановиќ, градоначалник на Град Лесковац, со делегација од Општина Крива Паланка присуствувавме на свеченостите по повод празникот на Град Лесковац.Збратимени, преку повелбата за пријателство и соработка, се почитуваме, градиме мостови на соработка, заеднички создаваме нови иницијативи.Нека им е честит празникот на градот и нека соработката биде долгогодишна и плодотворна, рече градоначалникот Митовски.

На свечена церемонија официјално беше претставено и збратимувањето на нашите два града кои по првичната соработка во проектот “Поврзување на бисерите” од ИПА програмата на ЕУ помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија, ја продлабочија соработката и договорија идна соработка на повеќе полиња, покрај во областа на туризмот, и во културата и во гастрономијата, во контекст на привлекување туристи и за добро на двете локални самоуправи.

Проектните тимови од Крива Паланка и Лесковац,пак, веќе подготовија и нова проектна документација за претстојните повици од ИПА програмата.

Големина на фонт
Контраст