Реализирана тактичко-показна вежба за проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување во случај на насилство

Локалниот совет за превенција при општина Крива Паланка денес ораганизираше тактичко-показна вежба за проверка на ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување во случај на насилство во училиштето, СОУ Ѓорче Петров.

Тактичко-показната вежба се реализираше по изработено конкретно сценарио и оперативен план за превентивни постапки во случај на насилство, со план за комуникација и координација, план за евакуација, план за симулација на насилство и транспорт на повредените.

Учениците од СОУ Ѓорче Петров, професорите и сите останати присутни, имаа несекојдневна можност да присувствуваат на симулација на реалистичен приказ на физичко и психичко насилство во училиште, а воедно се запознаа со сите мерки и механизми за превенција и справување со истото.

Навиот состав на Локалниот совет за превенција работи забрзано и за неполн месец од неговото коституирање, ова е трета по ред активност во насока на превенција, иницирана и реализирана од членовите на советот, а во координација со градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст