Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски имаше средба со Претставници на СОС Детско село-Скопје каде беше разговарано за проектот „Унапредување на системски недостатоци-Поддршка на реформите во системот за заштита на деца.
Со Др.Жарко Трајков, проектен менаџер и Александра Мојсова специјалист за застапување и комуникации, ги договоривме идните заеднички активности за подигнување на свеста за важноста од постоење згрижувачки семејства во Општина Крива Паланка.
До крајот на месецов ќе се оддржи настан со презентација на бенефитите што ја имаат згрижувачките семејства во државата, а моите заложби исто така се во насока на стимул и поддршка на ваквиот вид семејства, изјави градоначалникот Митовски.
За добробит на секој жител на нашата заедница, работиме и вложуваме во континуитет.