Првото издание на “Гига Фест” во рамки на Меѓународниот театарски фестивал “Св.Јоаким Осоговски”

Крива Паланка од синоќа па до 6 ноември 2022 г. ќе биде домаќин на 14-от Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Во рамки на фестивалот, синоќа се одржа првото издание на “Гига Фест”во НУ Центар за култура Крива Паланка.

Дводневниот настан се реализира во чест на режисерот Глигор Цветковски кој повеќе не е меѓу нас, но остави траен белег во драмската дејност во Крива Паланка.

Премиерно беше прикажана монодрамата „Жените на Шекспир“ во режија на Глигор Цветковски, апосетителите имаа можност да ја погледаат и изложба на фотографии од Ѓорѓи Костовски „Дејноста на драмското студио“. Во ЛУ Градски Музеј Кр. Паланка воедно беа изложени уметнички инсталации од Кирила Цветковска, Стефан Јакимовски и Ѓорѓи Костовски.

Фестивалот продолжува вечерва во 18:30 часот со современа македонска поезија во библиотеката “Кочо Рацин”, Крива Паланка, монодрама и музички перформанс.

Меѓународниот театарски фестивал ќе трае до 6 ноември 2022 година,а сите љубители на театарската уметност можат да ги следат претставите на сцената на НУЦК, со почеток во 19:30 часот.

Големина на фонт
Контраст