Изградена е нова пешачко – рекреативната патека “Стара вада” во Крива Паланка

Завршена е изградбата на пешачко – рекреативната патека “Стара вада” висока зона лев брег, во должина од околу 975 м.

Крива Паланка заврши уште еден инфраструктурен проект, кој ги надополнува содржините за промоција на убавините на градот. Патеката се изгради во продолжеток на постојната траса наспроти гимназијата до населба Маневци. Финансиските средсва за изградба на патеката се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Североисточен плански регион.

Ова е значаен проект за жителите на општина, кои пред се со изградбата на оваа рекреативна пешака патека ќе добијат можност за секојдневна рекреација , комуникација, заедничко дружење и рекреативно спортување и прошетки, како и разубавување и оплеменување на овој дел од градот, кој сега станува поатрактивен и безбеден.

Големина на фонт
Контраст