Потпишан колективен договор помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општината

Општина Крива Паланка и Синдикатот на УПОЗ потпишаа колективен договор со кој ќе се унапредат правата на вработените во Општината.

На истиот беа присутни градоначалникот Сашко Митовски, претседателот на општинската синдикална организација и претседателот на Синдикатот на УПОЗ. Преку овој договор вработените во Општина Крива Паланка ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено отсуство итн.

Колективниот договор за вработените во Општина Крива Паланка содржи општи одредби, обврски на вработените, права на вработените и нивата положба, а унапредени се правата во однос на можноста вработените да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено отсуство. Други надоместоци на плата и други примања, но и други важни прашања поврзани со правата на вработените во Општината.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски изрази особено задоволство од соработката и потпишувањето на договорот, и што Општина Крива Паланка влегува во групата на ретките општини кои имаат потпишано Колективен договор, како и за искажаната волја и рационалениот пристап на градоначалникот Митовски, за унапредување и грижа за правата на вработените.

Големина на фонт
Контраст