Денес градоначалникот Сашко Митовски и Општина Крива Паланка беа домаќини на Државната министерка за Европа на Германската покраина Хесен, Луција Патрих која пристигна со делегација во присуствуваа; Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот сектор во Германската амбасада, Манфред Пенц, претседател на Советот на Грос Цимерн, Германија и делегација на министерката.
На работниот состанок се разговараше за збратимувањето на Крива Паланка и Грос Цимерн, за пријателството на двете општини и можностите за проширување на соработката во повеќе области.
Патрих доаѓа во посета на Општина Крива Паланка само неколку недели откако официјално потпишавме збратимување со Грос Цимерн, кадешто нашите две општини имаа можност да ги запознаат своите култури и традиции.
– Особено е значајно што збратимувањето се изврши оваа година, 2022, кога Германија и Северна Македонија одбележуваат 30 години соработка и пријателство. Благодарност за целокупната поддршка што ја дава Германија на нашата земја, особено и за поддршката за справување со енергетската криза, рече градоначалникот Митовски.
Тој ги претстави потенцијалите на областите во кои ја гледа перспективата за развој на општината.
Се што е во интерес на поле на соработката на Крива Пaланка и покраина Хесен, на државните развојни политики и можности за соработка- ќе може да се отвори како наше заедничко работно поле и простор за надградба на отпочнатата соработка.