Градоначалникот Митовски направи увид во изградбата на канализациона линија во с. Мождивњак

Градоначалникот Сашко Митовски  заедно со стучните служби од општината изврши увид во градежните работи за изградба на дополнителна линија од канализација во с. Мождивњак.

Изградбата на овој проект за дополнителна линија од канализациона мрежа е од сепаративен тип, односно фекална, без прифаќање на атмосферски и подземни води, а со реализацијата на проектот се подобрува вкупната функционалност на канализационата мрежа во с.Мождивњак.

Вкупната должина на линијата е од 570 метри,а вредноста на проектот е во висина од  2.189.124 денари. По должина на трасата ќе се постават и ревизиони шахти.

Финасиската поддршка за реализација е обезбедена од Министерството за животна средина и просторно планирање, а за изведувач на градежните работи е избран економскиот оператор „Цвет компани“ од с.Батинци, Скопје.

Големина на фонт
Контраст