Во тек се интензивни работни активности за изградба на нов потпорен ѕид на улица „Панче Пешев’“ во населба Белево.
Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 17.2 метри и висина од 4.5 метри. Со неговата изградба се врши стабилизација на околното земјиште, се зголемува безбедност за околните индивидуални куќи и воедно се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот.
Вредноста на инвестицијата е околу 1,5 милиони денари, а средствата се обезбедни од буџетот на Општина Крива Паланка.