Денес градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски оддржа работен состанок со координативното тело за зимско одржување на улици и патишта.
На состанокот присуствуваа преставници од Локалната самоуправа, МВР, ЈП Комуналец, ЈП „Македонија пат“ и Дирекцијата за заштита и спасување.
Во рамки на состанокот беше презентирана Програмата за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Крива Паланка, а изнесени беа и планираните подготовки за навремено спроведување на зимското одржување во оваа сезона за 2022/23 година.
На состанокот беа потврдени приоритетите за одржување на сообраќајната инфраструктура и беше констатирано дека од особена важност е добрата и навремена координација со сите инволвирани служби, како и соработката со месното население и граѓаните, посебно во услови на позначителни врнежи од снег, за да се обезбеди навремен и непречен пристап на возилата и механизацијата за чистење на снегот или опесочување при појава на голомразица.