Во текот на вчерашниот ден (9.11.2022) во Europe House Крива Паланка со Советот на Млади – Крива Паланка, општина Крива Паланка и Go Green –Биди Зелен се одржа прв официјален состанок на партнерите во проектот.
Овој проект има за цел да го зголеми и зајакне учеството на младите во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво Проектот се спроведува од страна на МЗМП и партнерите ГОУ ГРИН од Скопје, Центар за климатски промени од Гевгелија и Креактив од Кавадарци и истиот започна со имплементација на 1.1.2022 година и ќе се спроведува во период од 30 месеци, а поддржан е од Европска Унија.
На состанокот се разговараше за важноста и влијанието на младите во процесите на креирање политики за заштита на животна средина на локално ниво, еко-проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, како и улогата на локалниот младински совет во овие процеси.
Општина Крива Паланка започна со процесот на подготовка на Програмата за работа на Советот на Млади за 2023 година, а учесниците ја искористија можноста за утврдивање на модалитетите за заедничка соработка и придонес за зајакнување на капацитетите на Советот на млади од една страна, но и преземање на конкретни чекори за позелена општина од друга страна.
Прашањата за животна средина, младинското учество и креирање политики на локално ниво во оваа област се поставени на високо ниво, при работата на општина Крива Паланка и локалниот младински совет и со заедничка соработка ќе ридонесеме кон исполнување на заеднички поставените цели.