Одржана втора буџетска форумска сесија во Општина Крива Паланка

Во салата на Советот на општина Крива Паланка, денес се одржа втората Форумска сесија од Буџетскиот форумски процес за подготовка на буџетот за 2023 година, на која со своето активно учество во креирањето и реализацијата на општинскиот буџет учествуваа граѓани, невладини организации, претставници од месните заедници, преставници од јавните дејности-од образовние, спорт, социјална заштита и култура и членови на Советот на општината.

Целта на втората форумска сесија е граѓаните да се запознаат со планираните и реализирани приходи и расходи на Општина Крива Паланка за 2022г. (до 30.09.2022) и со проекцијата на приходите на Oпштина Крива Паланка за 2023 год. Преку овие презентации и дискусии граѓаните добиваат конкретни сознанија за можностите на општината.

На втората форумска сесија граѓаните активно учествуваа со дискусии, лични согледувања и предлози за одреден дел од буџетските програми, за приоритетите за развој на општината за 2023 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.

 

Големина на фонт
Контраст