Oдржана трета буџетска форумска сесија во Општина Крива Паланка

Во текот на вчерашниот ден во салата на Советот на општина Крива Паланка, се одржа третата Форумска сесија од Буџетскиот форумски процес за подготовка на буџетот за 2023 година.

На оваа сесија присусутвуваа педесетина жители на општината, на кои раководителите Валентина Ангеловска, Никола Граматиков и раководителот на сектор Мартин Николовски им ги презентираа останатиот дел од буџетските развојни програми на општината. Учесниците на третата форумска сесија активно се вклучија во дискусија и дадоа и свои конкретни предлози за дополнување на програмите, а наредната сесија е закажана за 29 ноември.

Целите на форумот е да се зголеми и да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво и низ еден широко транспарентен начин да обезбеди родово одговорна алокација на буџетските средства, водејќи сметка за различните потреби и приоритети на граѓаните и граѓанките.

Големина на фонт
Контраст