Започна изградбата на нови тротоари на главната улица

Денес изведувачот на градежните работи за изградба на нови тротоари на главната улица, од клучката кај влезот во градот сѐ до градинката “Детелинка” стартуваше со работите на терен.

Општина Крива Паланка го реализира проектот со кој ќе се зголеми безбедноста на граѓаните од овој реон на градот. Локалната самоуправа на општината реализира проекти за урбан и модерен лик на градот. Покрај овие нови тротоарски површини, истиот потег ќе биде разубавен со дрворед, ќе бидат засадени садници јавор платан.

Големина на фонт
Контраст