Се одржа детскиот фестивал “Распеано симитче”

Нови музички рефрени, нови шеснаесет детски песни од годинашното “Распеано симитче” се хитовите од најновиот фестивал што ја гради музичката култура кај најмладите во Крива Паланка.

Празнична и весела сцена, “распеани симитчиња” и бројни аплаузи се она по што ќе се памети вчерашниот ден на премиерна изведба на новите мали музички ѕвездички кои блеснаа под сјајот на рефлекторите во Центарот за култура Крива Паланка.

Фестивалот се реализира под покровителство на Општина Крива Паланка, со поддршка од Министерството за култура.

Ја поддржуваме локалната музичка продукција во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности, композициите изработени, аранжирани, текстовите напишани во најголем процент од наши, локални музичари и автори, снимени во паланечко студио.

Тоа е она што го прави единствен и вреден фестивалот,бренд во музичката продукција за млади таленти.

Големина на фонт
Контраст