Во текот на денешниот и вчерашниот ден (24 и 25. 11. 2022г.) во просториите на општинската сала во Крива Паланка се оддржа информативн состанок и обука со заинтересираните граѓански организации за поднесување на предлог проекти по објавениот Јавен повик за (ReLOaD 2) Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2, кој е финансиран од ЕУ и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Во проектот ReLOaD 2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.
На инфо сесијата и обуката присуствуваа претставници на локални граѓански организации кои покажаа првичен интерес за поднесување на предлог проекти за јавениот повик.
Повикот до граѓанските организации е објавен на ден 22.11.2022 г. а проектните предлози можат да се поднесуваат до 20.12.2022г. до 15:00ч.
Сите информации и комплетната документација за Јавениот повик на ReLOaD 2 проектот, достапни се на следните линкови:
https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/30045
https://www.krivapalanka.gov.mk/reload