Објектот “Партизан” на ООУ”Јоаким Крчовски” ќе добие нова фасада и современ спортски терен

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, при посетата на ООУ “Јоаким Крчовски”, денес заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, најавија нова инвестиција во вредност од 7 милиони денари, наменети за објектот “Партизан”, најстариот објект на оваа воспитно- образовна институција.

-Градиме, вложуваме за младите, за иднината.

ООУ „Јоаким Крчовски“, објект „Партизан“ наскоро ќе добие современ спортски терен, тартан подлога на игралиштето, со заштитна ограда, а објектот добива и комплетно нова енергетски-ефикасна фасада.Инвестицијата од 7 милиони денари преку Министерството за образование и наука ќе овозможи модерни и современи услови за учениците.

Денес заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“, Дане Петровски, го посетивме објектот што наскоро ќе добие комплетно нов лик, изјави градоначалникот Митовски.

Заедно извршија увид и во обновениот и реконструиран училишен двор и ентериер на централниот објект на ООУ „Јоаким Крчовски”.

Како што истакна Митовски, сите деца заслужуваат да се едуцираат и развиваат во современи услови, какви што овозможува и оваа воспитно-образовна установа.

Големина на фонт
Контраст